Дишете длабоко!

Домот е храмот на секое семејство. Место во кое ги поминуваме најсреќните моменти, катче во кое растат нашите деца, микрокосмос во кој сите треба да се чувствуваме пријатно и да живееме здраво.

Не дозволувајте ништо да го наруши тој баланс на благосостојба во Вашиот животен простор и внесете нова свежина со најновите и најдостапни прочистувачи на воздух во затворени простории.

Прочистувачите на INVITOP се инспирирани од потребата на секој човек да живее здраво. Изработени се од најквалитетни, рециклирачки материјали со цел да се одржи врската со природата. Носители се на најпрестижните светски награди за најдобар дизајн и може да се вклопат во сечиј дом.

Опремени се со троделен филтер кој врши филтрација на воздухот и до 99,5% Ги елиминира тврдите честици од него како прашината и влакната, формалдехидот и бензенот од чадот, непријатните мириси, бактериите, алергените и PM честиците. Имаат минимална потрошувачка на електрична енергија, врвен скандинавски дизајн, разни начини на работа, тајмер, амбиент светло, а некои модели се опремени и со далечинско управување, следење и контрола преку WI-FI.