Прочистени информации #VOL.3: Што им треба на сопствениците на милениче

Вашите мили мачиња и кучиња се носители на разни ситни честици кои може да предизвикаат разни алергиски реакции, па дури и астма кај Вас или кај членовите на Вашето семејство. Миленичињата често оставаат влакна, мртви клетки од кожа, остатоци од нечистотии и други микро честици кои преку воздухот се таложат на подот, навлегуваат во теписите и текстилот, остануваат на седечките гарнитури, креветските чаршафи, мебелот и сите други делови од Вашиот дом. Исто така шират и непријатни миризби.

Ситуацијата е уште посериозна доколку имате и мали дечиња кои преку својата игра, но и преку нормалното функционирање може да вдишат некои од овие честички. Детските бели дробови се значително помали од тие на возрасните, па нормално е тие да дишат побрзо и повеќе, а и детскиот имунитет е доста покревок, па затоа штетните ефекти од загадениот воздух се чувствуваат повеќе кај нив.

Затоа Ви е потребен прочистувач на воздух со кој ќе обезбедите здрава и чиста средина за секој член на семејството. Нашите прочистувачи се опремени се иновативен систем на филтрација кој одстранува 99,97% од алергените во воздухот и штетните честички, но и непријатните мириси кои ги пренесуваат миленичињата.

КЛИКНЕТЕ ТУКА за чист воздух во Вашиот простор.