Прочистени информации #VOL.2: Што е ХЕПА филтер?
Акронимот ХЕПА (HEPA), изворно „High Efficiency Particulate Air“ кај филтрите значи токму вид на филтер со висока ефикасност кој ги абсорбира и најситните честички кои се наоѓаат во воздухот. Оригинално дизајниран во 40-тите години на минатиот век, овој филтер имал за цел да ги заштити лицата кои работеле на развој на атомски бомби, со тоа што ги „заробувал“ ситните честици кои биле контаминирани од радијацијата. Денеска ХЕПА филтрите не само што се користат во маските за дишење, туку се и дел од куќните апарати како првосмукалки, клима уреди, прочистувачи на воздух и слично.
Според регулативита на САД, како ХЕПА филтер се квалификува оној филтер кој отстранува 99,97% од тврдите честички, не помали од 0,3 микрони во дијаметар. Тој стандард е прифатен насекаде во светот. Поимот ХЕПА може да се однесува и на технологија на филтер но и на стандард на ефикасност. Токму поради високата ефикасност и докажаноста во практиката ХЕПА технологијата прерасна во индустриски стандард за филтрација на честици во критични средини како лабаратории, болници, сали за операција и сл.
ХЕПА филтрите денеска често се среќаваат и надвор од тие средини, во секојдневното живеење, како дел од куќните уреди кои ги користиме. Посебно се важни кај прочистувачите на воздух каде се препорачува да се користат во комбинација со предфилтер и филтер од активен јаглен кој ги заробуваат поголемата прашината, влакната, првутот и ПМ10 честиците, а со тоа го продолжуваат и траењето на ХЕПА филтерот.
Во нашата понуда имаме одличен асортиман на прочистувачи со различни капацитети, функции и големини. Сите од нив се опремени и со систем на тројна филтрација меѓу кои има и ХЕПА филтри кои задржуваат 99,97% од честиците и не дозволуваат истите да дојдат во допир со дишниот тракт на лицата кои се изложени на воздухот каде тие се поставени. Ги одстрануваат непријатните мириси, алергените, вирусните честички. Тестирани се и проверени од реномирани тела во Европа и светот и се докажано ефикасни во борбата со загадениот воздух.
КЛИКНЕТЕ ТУКА за чист воздух во Вашиот простор.