Пречистувач на воздух MAX
INVITOP

Прочистувачите на INVITOP се инспирирани од потребата на секој човек да живее здраво. Изработени се од најквалитетни, рециклирачки материјали со цел да се одржи врската со природата. Носители се на најпрестижните светски награди за најдобар дизајн и може да се вклопат во сечиј дом .

Моделот Max е еден од најголемите во понудата. Опремен е со троделен филтер кој врши филтрацијa на воздухот и ги елиминира тврдите честици од него како прашината и влакната, формалдехидот и бензенот од чадот , непријатните мириси, бактериите и PM честиците. Има минимална потрошувачка на електрична енергија и покрива површина до дури 50m2. Дизајниран е рамномерно да го прима и распоредува воздухот од сите страни, располага со сензор за следење на квалитетот на воздухот , OLED дисплеј, амбиентално светло , како и WI-FI функција  со која ќе ја пратите и контролирате работата на истиот и надвор од домот.

Цена сo ДДВ
8914.0000 ден
Рачен сеач
GARDENA

GARDENA рачниот сеач дистрибуира материјали за зимско одржување како песок, сол, ронки и ѓубриво на помали површини, без да ги валкате вашите раце. Малиот сеач може да се користи во текот на целата година, совршен за градинари кои имаат страст без разлика на сезоната. Благодарение на уникатниот систем за дозирање, можете да го дистрибуирате материјалот на насочен начин. Едноставно свртете го дискот за дозирање на капакот и изберете го саканиот отвор (во зависност од избраниот материјалот) од груб до фин. Може да се сврти удобно дури и со дебели ракавици бидејќи капакот е голем и има практичен дизајн. GARDENA сеачот лесно се вклопува во вашата рака поради стисокот на двете страни. Лесно се отвора и затвора благодарение на бајонетската брава. Делот за рачка на тркалцето може да се користи како лопата за практично да се надополнува материјалот. Изработен е ов висококвалитетна пластика.

Цена сo ДДВ
753.0677 ден